Завршувајќи ја најпрофитабилната година во историјата, производителот на спортска опрема, „Nike“, планира откуп на акции во вредност од 12 милијарди долари.
Новиот четиригодишен план за откуп на акции ќе стапи во сила кога сегашниот, кој е за 8 милијарди долари, ќе заврши. Се очекува тоа да се случи пред крајот на тековната фискална година, откри компанијата со седиште во Орегон.
Веста доаѓа откако минатиот месец компанијата најави дека ќе ги зголеми своите годишни продажби за околу 60% до 50 милијарди долари до 2020-та година, потпомогната од растот на нејзиниот онлајн бизнис и оној со стоки за жени. Од почетокот на годината до завршувањето на трговијата во четвртокот, акциите на „Nike“ поскапеа за 31%, а компанијата продолжува да го зголемува пазарниот удел на пазари на фудбалски производи и таквите поврзани со трчањето.
Нето добивката на „Nike“ за фискалната година која заврши во мај, се зголеми за 22% до 3,27 милијарди долари, а продажбата порасна за 10% до 30,6 милијарди долари.
Покрај тоа, компанијата ја зголеми дивидендата за кварталот од 28 центи по акција на 32 центи по акција.
Акциите на „Nike“ поскапеле повеќе од три пати од крајот на последната рецесија, поткрепени од фактот дека компанијата успеа да одземе дел од пазарниот удел на „Adidas“ на пазарот на фудбалски стоки. Освен тоа компанијата го зголеми своето присуство во Кина и Јужна Америка.