14 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda CX-9 веќе и официјално (фото+видео)

Mazda CX-9 веќе и официјално (фото+видео)

9 cx mazda

Само еден ден откако се појавија првите фотографии од новата генерација на „Mazda CX-9“, јапонската компанија го покажа моделот пред публика. Тоа се случи на авто-саемот во Лос Анџелес, каде што беа откриени и детали за втората генерација на кросоверот.

Изгледот на најголемиот „SUV“ на „Mazda“ е потчинет целосно на новата дизајнерска филозофија на брендот – „KODO“. Кросоверот добил голема решетка на ладилникот, а во основната верзија се вклучени „LED“ фарови и спојлер на багажникот. Клиентот може да избере помеѓу бандажи со големина од 18 до 20 инчи.

9 cx mazda1

Општо земено „CX-9“ го наследува стилот кој го видовме кај обновените „CX-5“ и „Mazda 6“. Во споредба со претходникот димензиите на моделот се намалени, но истовремено растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 55 мм. Ова овозможува поголем простор за третиот ред седишта.

9 cx mazda2

Значително е подобрен квалитетот на ентериерот. Во опремата се вклучени нови предни седишта, дополнително осветлување, системот „MAZDA CONNECT“ со избор од два екрана – 7 или 8-инчен. Вклучен е и 4,6-инчен дисплеј на панелот со инструметни, како и аудио „Bose“.

9 cx mazda3

Под хаубата на кросоверот е поставен нов 2,5-литарски турбо мотор со 4 цилиндри кој развива 254 КС и 420 Нм. Тој се комбинира со 6-брзински автоматски менувач. Новиот агрегат го заменува досегашниот 3,7-литарски атмосферски „V6“ со 277 КС. Погонот може да биде како на предните, така и на сите четири тркала.

Од „Mazda“ објавија дека продажбата на „CX-9“ ќе стартуваат во пролетта од 2016-та година. Во компанијата се надеваат годишно да се реализираат на пазарот по 50.000 примероци од моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП