18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru ја покажа идната Impreza Sedan (фото)

Subaru ја покажа идната Impreza Sedan (фото)

subu imp 22

Откако пред еден месец во Токио јапонската компанија „Subaru“ го покажа концептот „Impreza 5-Door“, се одлучи на авто-саемот во Лос Анџелес за уште една светската премиера на концепт на брендот – „Impreza Sedan“.

И двата прототипи обезбедуваат поглед кон новата генерација на популарниот модел, кој ќе биде на пазарите уште во 2016-та година

„Impreza Sedan Concept“ е дизајнерски концепт, преку кој е претставена идната генерација на „Impreza“, првиот од новата генерација стратешки автомобили за „Subaru“ кој ја покажува новата визија на компанијата – „Prominence 2020“, се наведува во информацијата од „Subaru“. Нешто повеќе, концептниот модел сугерира за дизајнот, не само на новата „Impreza“, но и на останатите идни модели на „Subaru“.

subu imp 23

Од пораката станува јасно дека моделот се обложува на неколку главни аспекти – динамиката, задоволството и смиреноста, функционалноста, аеродинамиката. Исто така станува јасно, дека возилото го користи системот за погон на четири тркала на брендот – „Symmetrical All-Wheel Drive“.

Податоци за погонскиот агрегат недостигаат, а објавени се исклучиво димензиите на „Impreza Sedan“ – 4.555 мм должина, 1.880 мм ширина и 1.453 милиметри височина. Меѓуоскиното растојание е повеќе од великодушно за овој сегмент – 2.670 мм, а бројот на места во патничката кабина е 5.

Продукцискиот модел ќе биде изграден на целосно нова модуларна платформа, а се очекува производството да стартува кон крајот на следната година.

subu imp 24

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП