21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург му гостува на Шафхаузен

Металург му гостува на Шафхаузен

met shaf

Ракометарите на Металург, денеска, ќе го отворат осмото коло во Д групата, во Лигата на шампионите. Металург од 20 часот ќе му гостува на Кадетен Шафхаузен.

Металург во досегашниот тек од натпреварите во групата има забележано две победи, од кои една е токму над Шафхаузен. Швајцарскиот шампион на 26-ти септември во Скопје загуби со 28:24.

Металург по седум натпревари се наоѓа на претпоследното место во групата со четири бода, додека Шафхаузен е едно место над екипата од Автокоманда со седум бодови.

Шафхаузен има по три порази и победи и едно реми, од трите порази два ги има забележано пред своите навивачи (Елверум, Скјерн).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП