4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема АТП бодови на ОИ во Рио де Жанеиро

Нема АТП бодови на ОИ во Рио де Жанеиро

tenis oi 00

На Олимписките игри во Рио де Жанеиро нема да се освојуваат бодови за АТП листата, потврди Меѓународната тениска федерација.

„Сепак веруваме дека на тенисерите ќе им претставува чест да настапат на Игрите и дека неосвојувањето бодови нема да вилијае врз нивната одлука да настапат на ОИ“, рекол претседателот на Меѓународната тениска федерација, Дејвид Хагерти.

Шпанскиот спортски дневен весник Marca, кој прв ја објави веста, тврди дека Меѓународната тениска федерација одбила економски да ги помогне турнирите кои ќе се играат во исто време кога ќе се одржуваат и ОИ, поради што од оваа организација решиле да не се доделуваат АТП бодови.

Победниците на претходните два олимписки турнира, Рафаел Надал и Енди Мари, покрај златниот медал добиваа и 800 АТП бодови.

Олимписките игри на програмата се во август наредната година, а тенискиот турнир ќе се игра на тврда подлога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП