11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед оствари негативен финансиски резултат во деветте месеци од 2015-та

Фершпед оствари негативен финансиски резултат во деветте месеци од 2015-та

Fersped-logo

Групата Фершпед АД Скопје во период јануари – септември 2015-та година оствари негативен финансиски резултат искажан во консолидираниот неревидиран Биланс на успех.

Вкупните консолидирани приходи од работењето на групацијата Фершпед АД Скопје за деветомесечје во 2015-та година изнесуваат 2.554.309 илјади денари и тие се помали за 15,5% во однос со вкупните приходи во деветомесечјето од минатата година кога тие изнесуваа 3.022.004 илјади денари.

Остварените консолидирани оперативни приходи од работењето за период јануари – септември 2015-та година во износ од 2.535.701 илјади денари покажуваат пад од 14,5% во однос на консолидираните оперативни приходи во истиот период во 2014-та година, додека остварените консолидирани приходи од продажба за овој период бележат пад од 13,1% во однос на остварените консолидирани приходи од продажба истиот период во 2014-та година.

fer pazari 333

Структурата на консолидираните приходи од продажби е следна: продажбата на домашен пазар учествува со 91,3%, а на странски пазар со 8,7%, каде во однос на минатата година има зголемување на учеството на продажбата на домашен пазар за 3,7 индексни поени за сметка на продажбата на странски пазар.

Вкупните консолидираните расходи од работењето на групацијата Фершпед АД Скопје за период јануари – септември 2015-та година изнесуваат 2.558.705 илјади денари и тие се помали за 15,1% во однос на консолидираните вкупни расходи на групацијата во деветомесечје 2014-та година.

Консолидираните оперативни расходи за деветомесечјето на групацијата изнесуваат 2.510.956 илјади денари и тие покажуваат пад од 15,5% во однос на истиот период во 2014-та година. Најголемо учество во консолидираните оперативни расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци со 71%.

Во деветомесечјето 2015-та година, групацијата Фершпед АД Скопје покажува загубата од редовно работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП