27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ги одреди носителите на групите за ЕУРО 2016

УЕФА ги одреди носителите на групите за ЕУРО 2016

euro zdrep 3

Откако вчера беше комплетирана листата на учесници на Европското првенство во фудбал, УЕФА објави во кои „шешири“, репрезентациите ќе бидат на извлекувањето на групите, кое на 12-ти декември ќе се одржи во Париз.

Носители на жрепката покрај домаќинот Франција ќе бидат уште Германија, Шпанија, Англија, Португалија и Белгија.

Во вториот „шешир“ ќе бидат: Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска и Украина, во третиот „шешир“ се Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка и Унгарија, додека во четвртиот се Турција, Република Ирска, Исланд, Велс, Албанија и Северна Ирска.

По четири репрезентации ќе партиципираат во секоја од шестте групи, а пласман во нокаут фазата ќе изборат првите две селекции од секоја група, односно најдобри четири третопласирани репрезентации.

Европското првенство ќе се одржи во Франција од 10-ти јуни до 10-ти јули 2016-та година, а домаќини ќе бидат Стад де Франс и Паркот на Принцовите (Париз), Велодром (Марсеј), Стад де Лумерес (Лион), Пјер Моро (Лил), Бордо, Жофри Жисар (Сент Етиен), Алијанц Ривиера (Ница), Болер Делелис (Ланс) и Мунисипал (Тулуз).

Полуфиналните средби ќе се играат во Лион и Марсеј, а финалето на Стад де Франс во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП