25 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Трипл дабл“ на Вајтсајд, 37 поени на Кари

„Трипл дабл“ на Вајтсајд, 37 поени на Кари

BB 33

Две победи на гостинските екипи во седумте одиграни натпревари во НБА. Голден Стејт предводен од Кари ја продолжи победничката серија, Вајтсајд забележа „трипл дабл“ во поразот на Мајами, а крилниот играч на Њујорк Порзигинс, кој ја игра руки сезоната, постигна рекордни 29 поени во кариерата.

Шампионите од Оукленд и по 12 натпревари немаат пораз во лигата, предводени од Кари (37 поени, 9 асистенции), славеа над Торонто со 115:110. Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, овој меч го играше со десет играчи и сите се запишаа меѓу стрелците.

Кај Торонто Кајл Лаури и Демар Дерозан постигнаа по 28 поени. Торонто има скор од седум победи и пет порази.

Мајами загуби од Минесота со 91:103, иако центарот Вајтсајд одигра неверојатен меч во кој го забележа својот прв „трипл дабл“ во кариерата. Вајтсајд мечот го заврши со 22 поени, 14 скокови и 10 блокади. Таунс со 14 поени и исто толку скокови, односно Вигинс со 24 поени ја предводеа Минесота до петтата сезонска победа.

Четвртиот пик од драфтот, Порзигинс имаше учинок од 29 поени и 11 скокови во победата на Њујорк над Шарлот (102:94). Со двоен ефект од 18 поени и 11 скокови натпреварот го заврши Мело Ентони. Кај Шарлот најефикасен беше Вокер кој постигна 31 поен.

Кливленд загуби во Детроит (104:99). Андре Драмонд (25 поени, 18 скокови) и Реџи Џексон (23 поени, 12 асистенции) го предводеа домашниот тим до победата. Кај Кливленд Леброн Џејмс постигна 30 поени, со кои на 19-то место на вечната листа на најдобри стрелци го мина Џери Вест.

Вашингтон забележа убедлив триумф над Милвоки (115:86), Бруклин минимално ја совлада Атланта (90:88), а Денвер победи во Њу Орлеанс со 115:98.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП