6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Qashqai е најпродаван SUV во Европа

Nissan Qashqai е најпродаван SUV во Европа

eu suv 33

Европските потрошувачи го зголемуваат интересот за возилата од „SUV“ сегментот, но најпродаван модел од него е јапонски – „Nissan Qashqai“.

За првите 9 месеци од годината од кросоверот се продадени 200.463 примероци, што го претвора во апсолутен лидер на пазарот на „Стариот континент“. Супериорноста на моделите на Алијансата „Renault-Nissan“ во сегментот е премногу голема, бидејќи на второ место со 147.134 единици е „Renault Captur“.

Топ 10 според продажбата во „SUV“ сегментот:

1. Nissan Qashqai – 200.463 единици

2. Renault Captur – 147.134 единици

3. Opel Mokka – 132.775 единици

4. VW Tiguan – 125.353 единици

5. Peugeot 2008 – 116.821 единици

6. Dacia Duster – 106.814 единици

7. Kia Sportage – 103.449 единици

8. Nissan Juke – 85.783 единици

9. Ford Kuga – 79.039 единици

10. Hyundai ix35 – 76.227 единици

Треба да се напомене дека на пазарот во Русија, „Dacia Duster“ се продава под брендот „Renalt“. Кросоверот се составува во фабриката на „АвтоВАЗ“. Интересно е, исто така, дека во првата десетка во Европа не присуствува најбараниот „SUV“ на глобално ниво – „Honda CR-V“, како и финалистот „Toyota RAV4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП