Словенечката полиција во четвртокот покрена обемна истрага за штетата нанесена на Телеком Словенија за 25 милиони евра од 2006 до 2010 година и извршила увид во неколку домови на осомничените и се приведени седум лица, пишуваат словенечките медиуми.
Полицијата потврди дека се бараат материјални докази за кривично дело од областа на економскиот криминал, за која е предвидена казна затвор од осум години.
Во истрагата се вклучени стотици полицајци од областа на Љубљана, Крањ и Цеље.
Како што пренесуваат медиумите, се работи за истрага на коруптивните постапки на поранешната Управа, која ја водеше Бојан Дремељ, поврзани со бизнис инвестициите на Телекомот во Словенија, но и во странство, особено во Македонија и Косово.