19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДве награди „Златен волан“ за Audi A4 и Audi R8

Две награди „Златен волан“ за Audi A4 и Audi R8

Rupert Stadler, Chairman of the Board of Management of AUDI AG, with the Golden Steering Wheels 2015 for the Audi A4 Sedan and the Audi R8.

Два нови модели на Audi доминираат со своите категории и ги освоија најпрестижните награди во автомобилската индустрија, новиот A4 ја освои наградата во средната класа, додека пак R8 триумфираше во категоријата спортски автомобил.

Наградите „Златен волан“ ги доделуваат експерти и автомобилски вљубеници. Покрај експертите во областа свој придонес, за тоа на кого да му припаднат овие награди, даваат и читателите на двата етаблирани медиуми, магазинот Auto Bild и весникот Build am Sonntag. Статуетките беа врачени на свечена церемонија која се одржа во Берлин во централната зграда на една од најголемите издавачки куќи во Германија, „Аксел Шпрингер“.

„Воодушевени сме со успехот што го постигнавме на овој високо почитуван натпревар. Наградите „Златен волан“ кои ги освоивме, нè мотивираат да бидеме уште покреативни во создавањето на нашите следни модели“, изјави Руперт Штадлер, претседател на одборот на Audi AG.

Новата лимузина Audi A4 ја победи силната конкуренција во категоријата  „Автомобили со средна големина“, а наградата ја прими Дитмар Вогенрајтер, член на одборот за маркетинг и продажба.

„A4 е нашиот најпопуларен модел досега. Победата на натпреварот „Златен волан“ потврдува дека оваа успешна приказна ќе продолжи и понатаму со новото семејство Audi A4“, посочи Вогенрајтер.

Во категоријата спортски автомобил, Audi R8 ги освои симпатиите на членовите на експертското жири и читателите на медиумите. Наградата ја прими Хајнц Холевегер, генерален менаџер на Audi AG, Quattro GmbH.

„Новиот R8 е еден од најмоќните и најбрзите производи на нашата компанија. Audi R8, од било кој друг модел, е најблиску до тркачки автомобил“, посочи тој.

Брендот Audi досега има освоено 25 награди „Златен волан“ со што е на врвот на листата на добитници. Годинава се доделуваа награди во повеќе категории, а во конкуренција беа вкупно 38 нови автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП