11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz го покажа обновениот SL (фото+видео)

Mercedes-Benz го покажа обновениот SL (фото+видео)

m sl 00

Први официјални фотографии на обновениот кабриолет „SL“ откри германската автомобилска компанија „Mercedes-Benz“. Јавната премиера на моделот ќе се одржи на претстојниот саем во Лос Анџелес, САД.

m sl 01

Од најраспространетите кадри станува јасно дека моделот добил нова решетка на ладилникот, „LED“ светла во стилот на „AMG-GT“, преден браник со поголеми отвори за воздух, нов дизајн на браникот позади кој има и дифузор, хромирани цевки на издувниот систем и итн.

m sl 02

Кај умерената спортска верзија „SL AMG 63“ се забележува новата предна маска, акценти од карбон по браникот и страничните прагови, како и црни бандажи со гуми „Continental ContiSportContact“. Најмоќниот „SL AMG 65“ доаѓа со акценти во сребрена боја, полирани украси и натписи „V12 BiTurbo“ на предните крила.

m sl 03

Поголеми промени се воведени во внатрешноста на „SL“. Тие се забележуваат со поголемиот централен дисплеј, новиот часовник на таблата со инструменти, елементи од карбон кај „AMG“ верзиите, како и нови контролори за избор на различни режими на возилото, за поставките на суспензијата и за системот „ESP“.

m sl 04

Новините под капакот вклучуваат моќни мотори, автоматски менувач со 9 степени „9G-TRONIC“ и систем кој ја предвидува претстојната кривина.

m sl 05

Конкретни податоци за новините ќе бидат презентирани при премиерата на моделот која е закажана подоцна во овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП