29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar ја намали цената на F-Type

Jaguar ја намали цената на F-Type

ftajpce

Новата, поприфатлива верзија на спортскиот модел „F-Type“, претстави британската компанија Jaguar. Станува збор за основна опција која ќе се нуди како за каросериската, така и „роудстер“ верзијата на „F-Type“.

Новото ниво на опрема има опипливо пониска цена, но и покрај тоа не може да се нарече „спартанско“. Во него се вклучени соларни стакла, електрично возачко седиште, „GPS“ навигација, опкружувачки аудио систем „Meridian“, тапацир од кожа и велур. Во цената на основната верзија е вклучен и пакетот „Jaguar EliteCare“, се нуди бесплатна помош на патот и планско одржување за период од 5 години.

Погонот е доверен на познатиот бензински 3,0-литарски V6 мотор. Тој развива 340 КС и 350 Нм, а повразн е со рачен менувач со 6 степени.

Цената на новата верзија на „Jaguar F-Type“ во САД е 61.400 долари и 65.400 долари за кабриото. Ова е соодветно на 3.600 и 2.700 долари поевтина цена од порано.

Продажбата на моделот од другата страна на океанот ќе стартува во пролетта на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП