7 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКари незапирлив против Минесота

Кари незапирлив против Минесота

minisota kari 33

Голден Стејт ја забележа десеттата победа од почетокот на сезоната и постави нов рекорд на франшизата. Актуелните шампиони, во ноќта меѓу четвртокот и петок, славеа во дуелот со Минесота (129:116).

Младиот тим на Минесота немаше решение за најдобриот играч во лигата од минатата сезона, Стеф Кари, кој на„волците“ им испорача 46 поени (15/25 од поле, 8/13 за три поени).

Покрај Кари двоцифрени кај Голден Стејт беа уште: Дрејмонд Грин (23 поени, 12 асистенции, 8 скока), Клеј Томпсон (15 поени), Херисон Барнс (14 поени).

Вигинс ја предводеше Минесота со 18 поени, а Таунс оствари „дабл-дабл“ од 17 поени и 11 скокови.

Брендон Најт и Ерик Бледсо блеска во победата на Феникс над ЛА Клиперс (118:114). Најт постигна рекордни во кариерата 37 поени, а Бледсо беше на чекор до „трипл-дабл“, мечот го заврши со 26 поени, 10 скокови, 9 асистенции.

Мајами во неизвесна завршница успеа да слави над Јута (92:91). Двејн Веjд не беше во составот на Мајами, кој во десеттиот меч ја забележа шестата победа. Крис Бош со 25 поени беше најефикасен во тимот од Флорида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар