22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Потврдени пет претседателски кандидатури

ФИФА: Потврдени пет претседателски кандидатури

fifa logo-92392

Изборната комисија на Светската фудбалска организација (ФИФА), денеска потврди пет кандидатури за претседател на оваа организација.

Условите за кандидатурата за претседател на ФИФА ги исполниле: јорданскиот принц Али бен ел Хусеин, Жером Шампањ, Џани Инфантино, шеикот Салман бин Ебрахим ел Калифа и Токио Сексвејл.

Кандидатурата на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Либерија, Муса Билити, не е прифатена, поради, како што се наведува, „проверка на интегритетот“. Билити има право оваа одлука да ја обжали пред Судот за арбитража во спортот.

Кандидатурата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, ќе биде разгледана откако ќе му истече суспензијата.

Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат на 26-ти февруари наредната година во Цирих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП