КУЛТУРА

Изложба на керамика во „Лазар Личеноски“

keramika

Изложба на керамика ќе биде отворена во галеријата „Лазар Личеноски“ во склоп на училиштето денес, во 19 часот.

Изложбата на керамика е од  Младинската керамичка работилница – Кичево 2015. Во работилницата беа изработени дела со традиционални техники и модерен облик. Во работилницата учество земаа ученици од гимназииите во Кичево и ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје .

Младинската керамичка работилница е проект на Центарот за култуа „Кочо Рацин“ Кичево и ДСУЛУД„Лазар Личеноски“ и се реализираше во периодот од 11-16 јуни во грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески во село Вранештица под раководство на Проф. Филип Фидановски и менторство на Проф. Гоце Стоилковски и Проф. Јован Наумоски.

Проектот е целосно поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.