21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Прва победа за Бруклин, трипл-дабл на Рондо

НБА: Прва победа за Бруклин, трипл-дабл на Рондо

nba 300

Голден Стејт ја продолжи серијата од победи, а Филаделфија серијата порази во НБА лигата. Актуелните шампиони ја запишаа дветтата победа и се единствениот тим без пораз во лигата, додека Филаделфија е единствената екипа без победа, откако Бруклин во осмиот меч стигна до првиот сезонски триумф.

Индивидуално ноќта меѓу средата и четвртокот во НБА лигата ја одбележа плејмејкерот на Сакраменто, Режон Рондо.

Голден Стејт предводен од Стеф Кари (28 поени) и Андре Игудала (20 поени) славеше во Мемфис со 100:84.

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 22 поени, а Џо Џонсон имаше учинок од 16 поени и 10 асистенции во изненадувачката победа на Бруклин во Хјустон (106:98).

Филаделфија осмиот пораз од стартот на сезоната го забележа од Торонто (119:103). Кајл Лаури со 23 и Луис Скола со 21 поен го предводеа Торонто до првата победа по серијата од три пораза. Торонто сега има скор од шест победи и три пораза.

Режон Рондо забележа „трипл дабл“ (14 поени, 11 скокови, 15 асистенции), успеа да ги разигра Демаркус Казинс (33 поени) и Руди Геј (25 поени) и да го однесе Сакраменто до триумф над Детроит (101:92).

Ламаркус Олдриџ во првиот меч против својот поранешен тим Портланд постигна 23 поени и го предводеше Сан Антонио до победата во Орегон од 113:101.

Резултати: Шарлот-Њујорк 101:99, Филалделфија-Торонто 103:119, Бостон-Индијана 91:102, Атланта-Њу Орлеанс 106:98, Далас-ЛА Клиперс 118-108, Хјустон-Бруклин 98:106, Мемфис-Голден Стејт 84:100, Денвер-Милвоки 103:102, Сакраменто-Детроит 101:92, Портланд-Сан Антонио 101:113.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП