26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi A4 доби највисока оценка за безбедност (фото+видео)

Новиот Audi A4 доби највисока оценка за безбедност (фото+видео)

Audi A4 2.0 TFSI quattro

Новиот модел на Audi, A4 го доби највисокиот резултат – пет ѕвезди од европската програма Euro NCAP кои на возилото му беа доделени поради сигурноста на патниците, но и за заштита на пешаците.

На овој автомобил воедно му беше доделена и специјална награда, Euro NCAP advanced за напредните, технолошки усовршени системи кои го позиционираат Audi A4 како еден од најбезбедните на пазарот. Првично станува збор за системот за сопирање со кој во случај на незгода возилото автоматски се запира со што се намалува ризикот од лизгање и повеќекратни судири. Вториот систем, кој е достапен како опција, во опасни ситуации кои водат кон судир го затегнува појасот за врзување и ги затвора прозорците и покривот.

Уште еден елемент кој игра огромна улога во севкупната безбедност на Audi A4 е системот со кој доколку автомобилот се движи со брзина поголема од 85 километри на час, регистрира дали други возила или пешаци се на патот. Ако постои опасност од судир го предупредува возачот првично визуелно и акустично, а потоа со автоматско сопирање.

vozi test1

Воедно има и голем избор на дополнителни технологии кои ја надополнуваат севкупната безбедност на новиот модел на Audi. Располага со монитори за помош при вртење кои го следат сообраќајот кога автомобилот врти со мала брзина и по потреба сопира доколку возачот сака да помине во делот кон кој се приближуваат возила. Системот за избегнување на судир помага да се заобиколи пречка додека оној за предупредување при излегување го минимизира ризикот од повреда при отворање на вратите. LED светлата се вклучуваат со цел да предупреди дека пешаци или велосипедисти се приближуваат.

Формирана во 1997-ма година, програмата за проценка на нови автомобили Euro NCAP ги става на тест возилата со цел да ја утврди нивната сигурност на патот. Од 2015-та година, проверките за предниот и страничниот судар се многу покомплицирани со цел веродостојно да се утврдат последиците при реални сценарија. Audi A4 ги помина сите овие тестови со највисоки оценки и доби официјална потврда дека е еден од најбезбедните автомобили во својата класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП