12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes SL зa 2016-та година

Mercedes SL зa 2016-та година

n sl 33

На претстојниот саем за автомобили во најголемиот калифорнискиот град, германскиот производител ќе го претстави редизајнираниот „SL“.

Актуелнта генерација на „роудстерот“ на „Mercedes“ имаше премиера на почетокот на 2012-та година. По речиси четири години пристигнува освежената верзија која „SL“ стилски ќе го доближи до дизајнот на најновите модели на овој производител.

Првата фотографија, со која „Mercedes“ најавува како ќе изгледа предниот дел на освежениот автомобил, открива заоблени линии, целосно нова маска, браник и фарови кои потсетуваат на суперспортскиот „AMG GT“.

Се очекува зафатот на задниот дел од возилото да биде во помал обем и да ги опфати браникот и стоп светлата.

Палетата на мотори со мали подобрувања би требало да биде превземена од актуелната верзија која има „V6“ и „V8“ мотори.

Во секој случај, техничките детали ќе бидат познати најдоцна до 17-ти ноември, кога „Mercedes SL“ зa 2016-та ќе има официјална премиера во Лос Анџелес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП