ПочетнаИНТЕРЕСНОРепрезентацијата во традиционално карате освои 10 медали во Париз

Репрезентацијата во традиционално карате освои 10 медали во Париз

trad karate 330022

Македонските репрезентативци во традиционално карате имаа успешен настап на Европскиот куп „Париз Опен 2015“. Во Париз репрезентативците во традиционални карате освоија 10 медали, четири злата, две сребра и четири бронзи.

Најсјани одличја освоија Јадранка Недева, во сениорска конкуренција, во фукуго, додека Мила Саздова, во кадетска конкуренција осови три златни медали, во кати, фукуго и енбу.

Огнен Тасески се закити со сребор во кати и бронза во фукуго, а Берта Милеска, во кадетска конкуренција, освои сребро во фукуго и бронзи во кати и енбу. Бронзен медал освои и Јелена Дробник во фукуго во кадетска конкуренција.

На Европскиот куп „Париз Опен 2015“ учествуваа 80 натпреварувачи од 12 земји.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП