
Македонската филхармонија организира концерт со наслов „Имате ли ритам?“ кој ќе го одржи во сабота, во Домот на АРМ, со почеток во 12 часот, а ќе биде изведен под палката на маестро Борјан Цанев.


Македонската филхармонија организира концерт со наслов „Имате ли ритам?“ кој ќе го одржи во сабота, во Домот на АРМ, со почеток во 12 часот, а ќе биде изведен под палката на маестро Борјан Цанев.
Аниматор и овој пат ќе биде миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе најмладите во тајните на ритамот и неговата разновидност.
Децата ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен токму на ритмичкиот импулс – дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља. Концертот ќе ги донесе звуците и ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија…, а Јорданоски низ игра и хумор ќе се обиде да ги анимира децата „свирејќи“ на разно-разни предмети докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас.
Овој пат посебно ќе се истакнат перкусионистите од оркестарот на Македонската филхармонија, кои ќе приредат и едно изненадување.