Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари – Септември 2015 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех.
Вкупни приходи
Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2015 година изнесуваат 4.731.844 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 3%.
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2015 година изнесуваат 6.137.150 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 6%.
Вкупни расходи
Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2015 година изнесуваат 4.192.892 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 7%.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2015 година изнесуваат 5.590.183 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 7%.
Дивиденда
На 6 април 2015 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2014 година во износ од 300.584 илјади денари односно 210 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2014 година изнесува 189 денари за една акција.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Септември 2015 година изнесуваат 530.367 илјади денари.
Обврски по кредити
Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.09.2015 година изнесуваат 294.991 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.09.2014 година бележат намалување од 51%.
Нови вработувања
Во периодот Јануари – Септември 2015 година во Алкалоид се реализирани 79 нови вработувања во Република Македонија.
Поважни позиции од билансот на успех
Остварените единечни и консолидирани резултати од работењето за периодот Јануари – Септември 2015 година, структурата, динамиката и споредбите со остварувањата во претходната година се прикажани во следните табели: