5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонкурентот на Amazon доби 500 милиони долари од финансирање

Конкурентот на Amazon доби 500 милиони долари од финансирање

jet-com333

Компанијата за онлајн трговија „Jet“, која има за цел да се натпреварува со „Amazon“, собрала 500 милиони долари од финансирање, што и дава пазарна оценка од 1 милијарда долари.

Од „Fortune“ информираат дека главниот инвеститор е Фондот „Fidelity“, за кој се зборува веќе некое време и за кој од „Jet“ пред извесно време информираа, дека се подготвува нешто слично, пишува „Tech Crunch“.

„Jet“ е платформа за онлајн трговија, основана од Марк Лор, кој го продаде претходниот сајт за онлајн трговија „Quidsi“ на „Amazon“ за 545 милиони долари во 2010-та година.

Компанијата се обидува да ги намали цените на стоките кои се продаваат на интернет и поради тоа се здружила со трговците на мало, како „Toys R Us“, „Sports Authority“, „Barnes & Noble“ и други.

Додека корисниците на „Jet“ купуваат, од компанијата им препорачуваат други производи и им прават отстапки со купување на повеќе предмети. Идејата е дека од „Jet“ ја пресметуваат врз основа на менување на кошница на секој корисник кој малопродажбата може да ја изврши најефективно, како во однос на цената, така и во однос на времето за испорака.

„Amazon“ оддели години и десетици милиони долари за да изгради логистичка инфраструктура, додека „Jet“ сака да го избегне делот од овој товар, а партнер е со трговците на мало и ги користи постоечките стокови резерви на локално ниво.

Првично, за да се регистрираат во „Jet“, корисниците требаше да плаќаат членарина, но компанијата ја отстрани во октомври.

Финансирањето ќе биде од корист за „Jet“, која има за цел да вработи близу 1.500 нови вработени до крајот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП