КУЛТУРА

Промоција на романот „Крвава уметност“, дело на авторот Срѓан Ивановиќ

krvava umetsnost

Во четврток (05.11.) ќе се оддржи промоцијата на романот „Крвава уметност“. Место на настанот е кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“.

Промоцијата е од отворен карактер, а книгата која досега предизвика огромно внимание на самиот настан ќе се продава по промотивна цена од 250 денари.

За присутните е подготвено и едно музичко изненадување.

Инаку оваа дело е прво на авторот Срѓан Ивановиќ, а исто така не и последно, поради тоа како што кажува самиот тој, има уште многу инспирација за создавање и творење.

krvava umetsnost1

„Крвава уметност“ е фикциски роман базиран на македонското секојдневие, каде ликовите на почетокот од дејствието прво се борат за вистината, а потоа за своите животи. Приказна за подземјето, сивата реалност, љубовта и омразата, исполената со мрачни тајни и болни вистини.

Кога еден реномиран новинар сосема случајно ќе реши да истражи едно бизарно убивство мистеријата ќе почне да се отплеткува, а тоа е само увертира во сплет на неверојатни случки, кои на виделина ќе изнесат сијасет од шокантни откритија.

Крвава уметност е крими роман каде ликовите и настаните се измислени, но и покрај тоа сторијата делува проклето точно и вистинито.