Кошаркарите на Торонто славеа над Далас (102:91) и прв пат во историјата на франшизата сезоната во НБА лигата ја започнаа со четири последовни победи. Ноќта помеѓу вторникот и средата, во најсилната кошшаркарска лига на светот, им припадна на гостинските екипи кои славеа на шест од седумте одиграни натпревари.
Торонто победи во Далас благодарение на Кајл Ловри (27 поени, 10 асистенции), Демар Дерозан (20 поени) и Луис Скокла (19 поени, 12 скокови). Далас кој по четири натпревари има половичен ефект го предводеше Дирк Новицки со 18 поени.
Ал Хорфорд со 17 поени и 13 скокови, односно Џеф Тиг со 26 поени ја предводеа Атланата до победата во Мајами со 98:92. Хасан Вајтсајд (23 поени, 14 скокови), Двејн Вејд (21 поен) и Горан Драгиќ (19 поени) беа тројцата со двоцифрен ефект кај Мајами.
Мемфис бргу се опорави од катастрофата која ја доживеа против Голден Стејт и со 103:89 победи во Сакраменто. Зек Рендолф постигна 20, а Мајк Конли и Кортни Ли по 14 поени во победата на Мемфис.
Резултати: ЛА Лејкерс-Денвер 109:120, Сакраменто-Мемфис 89:103, Далас-Торонто 91:102, Мајами-Атланта 92:98, Детроит-Индијана 82:94, Њу Орлеанс-Орландо 94:103, Шарлот-Чикаго 130:105.