20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Реал среќно до победата над ПСЖ

ЛШ: Реал среќно до победата над ПСЖ

naco rm3

Реал Мадрид славеше над ПСЖ во дербито, кое во рамките на четвртото коло во А групата се одигра во Лигата на шампионите. Покрај Реал победи во мечевите кои се одиграа во вторникот забележаа Шахтјор, ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Бенфика и Манчестер Сити, додека немаше победник на дуелите Астана-Атлетико и Борусија-Јувентус. По четвртото коло Реал и Манчестер Сити веќе изборија пласман во нокаут фазата.

ПСЖ 90 минути доминираше на „Сантијаго Бернабеу“, но играчите на францускиот шампион не знаеа да постигнат погодок. Убави шанси за гол пропуштија Ибрахимовиќ и Кавани, Рабио во првото полувреме го погоди дирекот, а Ди Марија во самиот финиш од слободен удар ја погоди гредата.

Казната за сите пормашувања фудбалерите на ПСЖ ги стигна во 35-та минута кога Начо зафати една топка по левата страна, а голманот Трап несмасно интервенираше и таа заврши во неговиот гол.

Инаку Реал како ретко кога беше инфериорен на свој терен, Роналдо незабележителен, а тимот на Бенитез најчесто се бранеше на својата половина. Реал создаде само две шанси, кога Иско во првото и Крос во второто полувреме не го совладаа Трап.

Во вториот меч од оваа А група Шахтјор стигна до првата победа и првите голови оваа сезона во Лигата на шампионите.

Група А:

Шахтјор – Малме 4:0

(Гладки 29, Срна 48, Едуардо 55, Тешеира 73)

Реал – ПСЖ 1:0

(Начо 35)

Табела: Реал 10, ПСЖ 7, Шахтјор 3, Малме 3

Манчестер Јунајтед долго се мачеше со екипата на ЦСКА и на крајот стигна до победата. Единствениот гол беше постигнат во 79-та минута и е дело на Вејн Руни. Капитенот на Јунајтед постигна гол по пауза од 955 минути.

Ситуацијата во оваа Б група ја закомпликува ПСВ со победата над Волфсбург од 2:0. Сите тимови од оваа група имаат шанси за пласман во нокаут рундата.

Група Б:

Манчестер Јунајтед – ЦСКА Москва 1:0

(Руни 79)

ПСВ Ајндховен – Волфсбург 2:0

(Локадиа 56, Де Јонг 86)

Табела: Ман. Јунајтед 7, ПСВ 6, Волфсбург 6, ЦСКА 4.

Бенфика ја презеде лидерската позиција во Ц групата со победата над Галатасарај. Тимот од Лисабон го издржа притисокот во последните десет минути кои ги одигра со играч помалку.

Атлетико го диктираше ритамот на Астана Арена, но не успеа да постигне гол и да забележи победа. Дебитантот Астана и во вториот меч на домашен терен успеа да освои бод.

Група Ц:

Астана – Атлетико Мадрид 0:0

Бенфика – Галатасарај 2:1

(Јонас 51, Луисао-Подолски 58)

Табела: Бенфика 9, Атлетико 7, Галатасарај 4, Астана 2.

Манчестер Сити победата на „Санчез Писхуан“ ја најави по само десет минути игра кога Стерлинг и Фернандињо постигнаа голови.

Во Менхенгалдбах, Јувентус 30 минути играше со играч помалку, но успеа да извлече реми.

Група Д:

Севилја – Манчестер Сити 1:3

(Тремулинас 25 – Стерлинг 9, Фернандињо 11, Бони 36)

Борусија Менхенгладбах-Јувентус 1:1

(Џонсон 18 – Лихштајнер 44)

Табела: Ман.Сити 9, Јувентус 8, Севилја 3, Борусија 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП