28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобриот британски автомобил на сите времиња (фото+видео)

Најдобриот британски автомобил на сите времиња (фото+видео)

E-type-best-ever-xlarge

Легендарниот „Jaguar E-TYPE“ доби уште една титула. Моделот беше прогласен за најдобар британски автомобил на сите времиња, соопштуваат од компанијата.

Наградата беше врачена за време на саемот во Лондон „Classic & Sports Car – The London Show“, а за неа се бореа десетици британски автомобили, меѓу кои оригиналните модели „Range Rover“, „Lotus Seven“, „Jaguar XKSS“, „Rolls-Royce Silver Ghost“, „Ford GT40“, „Mini Cooper S“, „Bentley Speed Si“, „Jaguar E-type“.

E-type-best-ever-xlarge1

Натпреварот се одржа во два дела, а втората листа со претендентите се редуцираше до 10 возило. За оваа задача беше задолжено ѕвездено жири составено од над 100 автомобилски експерти, вклучувајќи го дизајнерот на „McLaren F1“ Гордон Мареј, директорот за дизајн на „Lotus“ Расел Кар и поранешниот тапанар на групата „Пинк Флојд“, Ник Мејсон.

„Класичен стил и напредна конструкција“, изјави на адреса на „Jaguar E-TYPE“ дизајнерот на „McLaren F1“, а Расел Кар го номинираше моделот поради „издолжена стил“, кој според него, ја поседува вистинска брзина и совршенство со овој драматично издолжен преден капак и задните издадени пропорции на каросерија“.

E-type-best-ever-xlarge2

На автосаемот во Лондон учествуваа над 300 од најпрестижните марки на класични автомобили во светот на светски собирачи и трговци на класични автомобили. На саемот можат да бидат видени и иконските седишта на тркачките автомобили, пилотирани од Сер Стирлинг Мос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП