2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen повлекува 28.000 автомобили во Јужна Кореја

Volkswagen повлекува 28.000 автомобили во Јужна Кореја

bugi 00333

Компанијата „Volkswagen Korea“ ќе повлече следната година 28.000 автомобили во Јужна Кореја поради дефект кој може да доведе до откажување на безбедносните перничиња, објави во понеделникот јужнокорејската агенција „Renhapso“.

Според нивните податоци, производителот на автомобили неодамна ги објави плановите на министерството за сообраќај на Република Кореја да ги повлече автомобилите и да се исправи неправилноста во моделите на „Volkswagen“.

Конкретно, се повлекуваат моделите „Голф“, „Џета“, „Пасат“ и „Тигуан“ произведени од 2010-та до 2014-та година.

Во врска со дефектот поради кој се повлекуваат автомобилите досега немаше никакви инциденти.

Претходно „Volkswagen“ одлучи од иста причина да повлече околу 42.000 автомобили во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП