26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајчудните концепти од автомобилскиот саем во Токио (фото)

Најчудните концепти од автомобилскиот саем во Токио (фото)

tok avto

На секои две години јапонската автомобилска индустрија се собира на саемот во Токио, за да ги претстави своите нови модели и концепти.

И додека повеќето од автомобилите се иновативни и ја покажуваат иднината, во која ќе се развиваат компаниите, често не недостасуваат и чудни предлози.

Еве некои од најчудните концепти, претставени на автомобилскиот саем во јапонската престолнина:

Alphard Hercule

tok avto1

Toyota цели овој модел да е како „суперјахта за богаташи“ кај комбињата. Моделот е опремен со секакви додатоци, како скара, виткање покрив и кристални чаши за шампањско.

Wander Stand

tok avto2

Пред две години „Honda“ го претстави концептот за суспензија, која овозможува движење настрана – „Omni Traction Drivе“. Со овој модел на двосед на автономно возило од јапонската компанија покажуваат како овој концепт може да се примени во пракса, за паркирање на многу тесни места.

Gosei Flesby

tok avto3

Овој модел од „Toyota“ покажува како може да се менува аеродинамиката на едно возило, ако тоа е во можност да ја менува својата форма. Проектот на сателитскиот производител „Toyota Gosei“ го прави токму тоа – го менува својот облик. Во зависност од ситуацијата на возење, автомобилот го менува телото преку шест перници со цел да постигне подобра аеродинамика.

Daihatsu Noriori

tok avto4

Една четвртина од населението на Јапонија е на возраст од над 65 години. За тоа се грижи новиот модел на „Daihatsu“. На јапонски „Noriori“ значајно е качувањето и слегувањето. Токму за леснотата на оваа акција се згрижени од страна на компанијата, благодарение на широките врати кои се отвораат странично и минималната висина до земјата.

tok avto5

Suzuki Air Triser

tok avto6

Целта на јапонскиот производител била да претстави возило со максимален волумен на внатрешен простор. Превозното средство е една од ретките концепти кои се практични и може да се ефикасни за корисниците. Кога застанува, седиштата во „Air Triser“ може да се соберат на неколку начини и да го постигнат ефектот на караван.

tok avto7

Yamaha Motobot

tok avto8

Од јапонскиот производител на мотоцикли претставија робот кој според компанијата може да автономно да го вози секој мотор со брзина до 124 милји на час (198 км/ч) на патека. Не е познато кога корисниците ќе имаат пристап до овој робот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП