2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена добивката на British Airways поради ниската цена на нафтата

Зголемена добивката на British Airways поради ниската цена на нафтата

BA_2543182b

Добивката на British Airways IAG- зголемена е во третиот квартал за една третина благодарение на пониските цени на нафтата и зголемената побарувачка за патувања.

Групацијата во третото тромесечје оствари оперативна добивка од 1,21 милијарди евра, доколку се изземе придонесот на Aer Lingus, кој се приклучи кон IAG во август. Тоа претставува зголемување за 34,3 отсто, во однос на истиот период лани.

Притоа трошоците за гориво се намалени за 8,6 отсто. Групацијата во третиот квартал превезла вкупно 66,2 милиони патници, што е за дури 12,4 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Вкупните приходи во наведениот период се зголемени за 15,2 отсто, на 6,76 милијарди евра. Притоа приходите од превоз на патници се зголемени за 16,8 отсто, достигнувајќи 6,14 милијарди евра.

Вчера беа објавени резултатите на конкурентските компании Lufthansa и Air France, кои исто така објавија подобри резултати од очекуваното, што во најголема мера се должи на ниските цени на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП