2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокнаа цените на акциите на кинеските компании што произведуваат пелени

Скокнаа цените на акциите на кинеските компании што произведуваат пелени

diapers, pacifier and powder - baby essentials

Вредноста на акциите на компаниите кои произведуваат пелени, колички и храна за бебиња во петок нагло скокна, ден по одлуката за воведување на политиката на две деца во Кина.

Најголем скок забележа корпорацијата „China Child Care”, која произведува козметика за деца. Нејзините акции пораснаа за 40 отсто на берзата во Хонгконг.

Истовремено, вредноста на акциите на јапонскиот производител на кондоми „Okamoto“, популарен кај Кинезите што престојуваат во Јапонија, паднала за 10 отсто.

Кина во четвртокот објави прекин на политиката на едно дете и им дозволи на сите кинески парови да имаат по две деца.

Оваа одлука би требало да влијае врз нерамнотежата меѓу мажите и жените и да го запре стареењето на населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП