23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебито на „Maserati Alfieri“ се одложува за 2 години

Дебито на „Maserati Alfieri“ се одложува за 2 години

alferiii2

Раководството на „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) одлучи да го одложи за две години стартот на сериско производство на моделот „Maserati Alfieri“, објави „Autoblog“.

Првично се претпоставуваше дека сериското купе „Alfieri“ ќе биде прикажано во 2016-та година, а кабриолетот ќе биде подготвен за една година подоцна. Плановите на брендот сепак се менуваат поради одлуката на раководството да се фокусираат на претставувањето на кросоверот „Maserati Levante“, исто предвидено за 2016-та година.

Според новиот распоред, „Alfieri“ ќе треба да излезе во 2018-та година, а кабриолетот во 2019-та година. Од „Maserati“ одлучија да ги смират симпатизерите на марката, така што ги уверија дека сериската варзија на моделот речиси нема да се разликува од концептуална.

Се очекува каросеријата со заден пренос да биде опремена со бензински турбо мотор „V6“ со зафатнина од 3,0 литри. Моторот ќе се нуди во две варијанти на моќност со 415 и 528 КС.

Освен тоа, кон крајот на 2019-та или почетокот на 2020-та година „Maserati“ ќе го претстави и наследникот на моделот „GranTurismo“. Тој ќе порасне во димензиите и ќе биде опремен со 3,8-литарски „V8“ турбо мотор кој развива над 550 КС во основната опција и над 600 КС во модификацијата „MC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП