28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтлантик Група: Раст на продажбата и нето добивката преку реорганизација на дистрибуцијата

Атлантик Група: Раст на продажбата и нето добивката преку реорганизација на дистрибуцијата

atlantik grupa 3

Атлантик Група во првите девет месеци од 2015 година оствари приходи од продажбата во износ од 522,9 милиони евра, што во однос на истиот период во 2014 година претставува раст од 4,8 проценти.

Добивката пред оданочување (EBIT) изнесува 44,8 милиони евра и е помала за 9,9 проценти, најмногу поради растот на цените на суровините и неповолните движења на девизниот курс, додека нето добивката по исплата на малцинските акционери изнесува 30,0 милиони евра што претставува раст од 9,0 проценти. До крајот на годината, менаџментот продожува со фокусирање на интернационализацијата и раст на постоечките пазари како и управување со ризиците, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски.

Од поважните деловни настани во првите девет месеци се истакнува новата организација на дистрибутивното работење преку две главни зони, Зона Исток и Зона Запад, како продолжение на процесот на интензивна интернационализација и зајакнување на дистрибутивните функции надвор од регионот, што се одрази и преку отворање на сопствени дистрибутивни компании во Австрија и Германија. Во овој период, со договорот Phillips Хрватска, дополнително е проширено дистрибутивното портфолио на хрватскиот пазар. Исто така, по неполна година од почетокот на изградба, започна со работа новоизградената фабрика за енергетски барови од асортиманот на спортска исхрана во Нова Градишка, во која беа инвестирани над 13 милиони евра. Последната аквизиција на Атлантик Група – компанијата Фудленд, во целост е успешно интегрирана во деловниот систем на Атлантик Група и денес со брендот „Бакина тајна“ ја претставува новата бизнис област Гурмет. Во третото тримесечје Атлантик Група, според последното истражување на Euromoney кое е водечко, светско, финансиско списание, е прогласена за целокупно најдобро раководена компанија во Хрватска и најдобро раководена компанија во секторот за храна и пијалоци во регионот на средна и источна Европа.

Гледано по структурата на приходите од продажбата, за целокупниот раст на Атлантик Група во првите девет месеци во 2015 најмногу придонесоа Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 12,9 проценти, Стратешката бизнис област Слатко и солено со раст од 5,0 проценти, Стратешката бизнис област Кафе со раст од 4,7 проценти, Стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 10,6 проценти и Стратешката дистрибутивна област.

Србија со раст од 8,3 проценти. Кафето со 19,5 процентен удел во вкупните приходи од продажбата се истакнува како најголема поединечна категорија со 102,2 милиони евра приходи од продажба во првите девет месеци.

Гледано по пазари, најголем и еднаков раст од 9,6 проценти е остварен на пазарите во БиХ и Србија, кој е втор по големина пазар во Атлантик Група со удел во вкупните приходи од 22,6 проценти. На пазарот во Хрватска, која со 26,8 проценти има најголем удел во приходот од продажбата, остварен е раст од 9,4 проценти.

Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 65,3 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалитe со 19,2 проценти, фармацевтскиот ланец Фармација со 6,3 проценти, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 9,3 проценти во вкупната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП