12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот SUV на Škodа продаден во половина милион примероци

Првиот SUV на Škodа продаден во половина милион примероци

yeti jub 3033

„Škoda“ за шест години произведе 500.000 примероци од моделот „Yeti“. Јубилејниот автомобил кон крајот на октомври слезе од производната лента во фабриката Квасини во Чешка.

„Škoda Yeti“ беше претставен на автомобилската јавност во 2009-та година како прв „SUV“ модел во производната програма на чешката компанија.

Моментално покрај во Чешка, возилото се изработува и во фабриките во Кина и Русија. „Кинескиот“ примерок се произведува во фабриката на „Volkswagen“ во Шангај и се разликува по продолженото меѓуосовинско растојание (+6 cm) во однос на стандардната верзија.

Во Русија, „Yeti“ се изработува во соработката со „GAZ“ групациајта во градот Нижњи Новгород.

Квасини е еден од трите погони на „Škodа“ во Чешка, а покрај „Yeti“ тука се произведуваат и „Superb“ и „Superb Combi“.

„Škoda Yeti“ имаше премиера на женевскиот авто-саем во 2009-та, а редизајнот беше извршен во 2013-та година. Оттогаш е достапен во две стилски верзии – една која е наменета пред се за возење во урбани услови, додека втората е за авантуристи кои со овој модел слегуваат надвор од патишта.

На располагање се верзии со преден погон и 4×4.

Јубилејниот примерок е од луксузната едиција „Monte Carlo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП