7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусно, а не дебелее

Вкусно, а не дебелее

zdrav-hran_620x0

Седум здрави и евтини намирници кои можете да ги јадете без страв дека ќе ставите неколку килограми вишок…

Јаболко

Јаболката се полни со влакна, па е препорачливо секој ден да јадете по едно јаболко, затоа што на тој начин ќе внесете една од препорачаните дневни порции на овошје или зеленчук, а влакната од јаболкото ќе ве заситат, па нема да имате потреба од слатки или грицки.

Млечни производи

Без разлика дали пиете млеко или јогурт, јадете сирење или павлака, во својот организам ќе внесете калциум и протеини. Млечните производи се идеална ужина, но бирајте ги оние кои имаат мал процент на маснотии.

Компир

Компирот е одличен извор на јаглехидрати, витамини Б и Ц и железо, поради што многу брзо ќе ви ја запре гладта и ќе ви обезбеди неопходни витамини и минерали. Сам по себе не претставува висококалорична намирница, но важно е на кој начин ќе го подготвите. Избегнувајте пржени или печени компири во големи количини на зејтин, печете го цел без додатоци или јадете го варен и тоа без калорични сосови и преливи.

Риба

Туната и скушата ќе ви ја намалат желбата за храна. Богати се со здрави масти, кои ќе ве заситат, и ќе ви обезбедат некои од најважните хранливи состојки, вклучувајќи ги витамините и омега 3 масните киселини. Овие риби го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот холестерол, што го намалува ризикот од срцеви заболувања. Протеините кои се наоѓаат во овие риби потребно е доста време да се сварат, па така долго време ќе бидете сити.

Мешунки

Мешунките се најздравиот зеленчук кој можете да го подготвите на многу начини. Полни се со влакна, кои помагаат во намалувањето на холестеролот. Содржат многу антиоксиданти, витамини и минерали, а претставуваат одличен извор на протеини. Еднаш неделно наместо месо јадете оброк од мешунки. Гравот и боранијата можете да ги подготвите на многу начини.

Варени јајца

Вареното јајце е идеална ужинка, затоа што има 75 калории и 6 грама протеини. Неодамнешно истражување покажало дека жените кои јаделе две јајца за појадок намалиле за 65 проценти повеќе килограми и го намалиле обемот на половината за 83 проценти повеќе од оние кои не јаделе јајца. Доколку имате зголемен холестерот јадете белка, затоа што содржи различни протеини, минерали и витамини неопходни за вашиот организам.

Соја

Сојата е доста хранлива затоа што е богата со протеини, па ќе ве засити побрзо и тоа на подолго време. Го намалува лошиот холестерол, а го зголемува добриот. Покрај тоа, ги ублажува и штетните последици од нездравата исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП