6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru ја откри својата иднина (фото)

Subaru ја откри својата иднина (фото)

dizajn subaru

Производителот на автомобили „Subaru“ – „Fuji Heavy Industries Ltd.“ (FHI), го претстави концептот „Impreza 5-Door Concept“ на авто-саемот Токио 2015. Концепт е создаден со цел да го покаже идниот дизајн на автомобилите на брендот, како и следната генерација на моделот со истото име.

„Impreza 5-Door Concept“ е концепт автомобил, кој укажуваат на идната генерација „Impreza“, велат од компанијата при премиерата на моделот. Тие прецизираа дека ова е првиот од новата генерација стратешки автомобили за „Subaru“, по новата визија на „FHI“ – „Prominence 2020“, претставена во мај 2014-та година.

dizajn subaru1

Концептот претставува напреден хечбек, чиј дизајн ги комбинира елементите на дизајнот „Dynamic & Solid“ (Динамичен и солиден) на „Subaru“. Основната форма е изразена преку „Wide & Low“ (Широк и Низок) дизајн со спортско емитување и елегантна триобемна структура – од карактеристична за „Subaru“ хексоагонална предна решетка до „hawk-eye“ поглед на предните светла и оние позади кои се создадени во ист стил.

Информации за погонскиот агрегат на концептот недостасуваат, но пак беше прецизирано дека тој е споен со системот на „Subaru“ – „Symmetrical All-Wheel Drive“. Димензиите на хечбек се должина од 4.400 мм, ширина од 1.880 мм, висина од 1.440 мм и меѓуоскино растојание од 2.670 мм.

dizajn subaru2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП