15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Вестбрук го урна Сан Антонио

НБА: Вестбрук го урна Сан Антонио

vest bruk

Оклахома славеше над Сан Антонио во дерби мечот, кој во ноќта меѓу средата и четвртокот се одигра во НБА. Покрај овој дуел на програмата беа уште 12 натпревари, а меѓу другите победи забележаа ЛА Клиперс, Далас, Портланд, Чикаго, Кливленд, Денвер…

Оклахома, во комплетен состав со Дурент и Вестбрук, славеше над Сан Антонио со 112:106, иако во последната четвртина влезе со негатива од седум поени. Блескаше на овој меч Вестбрук со 33 поени и 10 асистенции, а помош во нападот доби од Дурент (22 поени) и Кантер (15 поени, 16 скокови). Најефикасен во поразениот тим беше Ленард со 32 поени.

Најдобриот учинок го имаше бекот на Портланд, Меколум, кој во триумфот над Портланд 112:94 постигна рекордни во кариерата 37 поени.

Резултати: ЛА Лејкерс-Минесота 112:111, Сакраменто-ЛА Клиперс 104:111, Феникс-Далас 95:111, Портланд-Њу Орлеанс 112:94, Торонто-Индијана 106:99, Детроит-Јута 92:87, Бостон-Филаделфија 112:95, Бруклин-Чикаго 100:115, Мајами-Шарлот 104:94, Мемфис-Кливленд 76:106, Оклахома-Сан Антонио 112:106, Хјустон-Денвер 85:105, Орландо-Вашингтон 87:88.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП