2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Сигурни победи на Вардар и Шкендија

ПМФЛ: Сигурни победи на Вардар и Шкендија

prva liga

Вардар и Шкендија, по меѓусебната пресметка во минатото коло која заврши без голови, им се вратија на победите во Првата македонска фудбалска лига. Во 12-то коло на петте одиграни натпревари беа постигнати скромни седум голови, а три натпревара завршија без победник.

Младост во Охрид го пречека лидерот Вардар и загуби со минимален резултат. Фелипе го постигна единствениот гол од пенал во 36-та минута.

Шкендија како домаќин во Кичево играше против „фенерџијата“ Металург и славеше со 2:0. Стрелци на головите беа Радески во седмата и Ибраими во 24-та минута.

Силекс и Хоризонт Турново освоија по еден бод откако одиграа 1:1, а истиот резултат беше постигнат на мечот Работнички-Ренова. Во Чаир, Шкупи и Брегалница одиграа натпревар без голови.

Резултати, 11.коло:
Младост Царев Двор – Вардар 0:1
Шкендија – Металург 2:0
Силекс – Хоризонт Турново 1:1
Работнички – Ренова 1:1
Шкупи – Брегалница 0:0

Табела, 12.коло: 1. Вардар 30, 2. Шкендија 29, 3 Силекс 18, 4. Шкупи 15, 5. Младост ЦД 13 (-1), 6. Брегалница 13, 7. Работнички 13 (-1), 8. Ренова 13, 9. Х. Турново 11, 10. Металург 5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП