9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda претстави купе со ротационен мотор (фото+видео)

Mazda претстави купе со ротационен мотор (фото+видео)

mazda-rx-vision-concept-tokyo-motor-show-1024x768

„Mazda“ официјално го претстави прототипот „RX-Vision“. Спортското купе е опремено со ротационен мотор, а треба да се појави на пазарот за приближно 2 години.

mazda-rx-vision-concept-tokyo-motor-show_10-1024x768

Претставници на јапонскиот производител рекоа дека „RX-Vision“ е „идното од „Mazda“ што некој ден ќе се претвори во сегашност“. Така прототипот се јавува како претходник на сериски спортски автомобил со преден моторот на располагање и заден пренос, кој е опремен со ротационен мотор „SkyActiv-R“ од новата генерација.

mazda-rx-vision-concept-tokyo-motor-show-31024x768

Од „Mazda“ дополнуваат дека никогаш не го стопирале истражувањето и развојот на ротациони мотори, но во оваа фаза не се произведуваат сличен тип на агрегати. Токму поради оваа причина техничките детали за „RX-Vision“ се држат во тајност, но британското издание „Autocar“ откри поголем дел од нив.

mazda-rx-vision-concept-tokyo-motor-show.1-1024x768

Според информациите, концепт моделот е долг 4389 мм, широк е 1925 мм и е висок 1160 мм. Растојанието помеѓу двете оски достигнува 2800 мм. На овој начин „RX-Vision“ е за 474 мм подолг, за 195 мм поширок и за 75 мм понизок од последната генерација на „MX-5“. Должина на меѓуоскиното растојание кај концептот е за 385 мм поголемо.

mazda-rx-vision-concept-

Британското издание додава дека сериската верзија на моделот може да биде целосно подготвена во 2017-та година, а за неа се предвидуваат како рачен менувач, така и автоматски со две спојки. Се прецизира дека првично во „Mazda“ ја разгледувале опремата на моделот со хибриден агрегат, но на крајот се одлучиле за ротационен бензински мотор со турбо и моќност од околу 300 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП