2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот NSX има 580 КС (фото+видео)

Новиот NSX има 580 КС (фото+видео)

nsx model

Втората генерација на моделот „NSX“ официјално беше прикажана уште во почетокот на годината на саемот во Детроит, но дури сега премиум поделбата на „Honda“ – „Acura“ ги откри нејзините полни карактеристики.

nsx model 1

Спортскиот автомобил е управувано од агрегат, во чија основа е специјално развиен 3,5-литарски твин-турбо V6 кој развива 507 КС и 550 Нм. Бензинскиот мотор работи со 9-степен автоматски менувач со две спојки, кој е помогнат од електромотор со моќност од 47 КС.

nsx model 2

Погонскиот агрегат располага со уште два електромотори, кои се лоцирани помеѓу предните тркала. Тие се напојуваат од комплет литиум-јонски батерии. Така на крајот хибридниот систем со погон 4х4 – „Sport Hybrid Super Handling All-Wheel Drive“, располага со вкупна моќност од 580 КС и 644 Нм.

nsx model 4

Сето ова му овозможува на автомобилот, чија вкупна тежина е 1725 килограми, да забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 3 секунди. Максималната брзина на возилото е 307 км/ч, откриваат од компанијата производител.

nsx model 3

Продажбата на „Acura NSX“ ќе стартува дури во пролетта од 2017-та година, а цените се уште не се објавени. Се очекува почетната верзија да чини околу 170.000 долари, а со доплата да се нудат карбон елементи, како и премиум аудио систем. Во подоцнежната фаза ќе излезе и тркачка верзија на моделот, како модификација со амблемот на „Honda“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП