1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren P1 GTR кој чини 6 милиони евра

McLaren P1 GTR кој чини 6 милиони евра

gtr p1 1

Компанијата за луксузни и егзотични автомобили во Италија го продава единствениот „McLaren P1 GTR“, кој има право да се движи по јавните патишта.

Ако огласот е автентичен, овој автомобил ќе биде единствениот од овој вид. Се проценува дека британската компанија „Lanzante“ работела на овој модел, за да го направи способен за патека и автопат. Истата компанија тврди дека добила дозвола да конвертира неколку „GTR“ возила, кои подоцна ќе ги пушти во продажба.

Разликите помеѓу овој модел и оригиналниот се исклучително минимални и вклучуваат замена на тркачките седишта со обични, како и нови појаси. Спортскиот волан кој се става во болидите на Формула 1, исто го помина тестирањето за да може да се користи во овој автомобил.

Најважниот дел од оваа понуда е и цената – 6.34 милиони евра плус дополнителните даночни давачки. Ако сакате да поседувате еден сериозен уникат, ова е начинот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП