6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот гигант 3М гаси 1.500 работни места

Американскиот гигант 3М гаси 1.500 работни места

0v7c1t

Американската технолошка компанија МММ (3М) стара повеќе до 10 години, ќе укине 1.500 работни места во рамките на планот за реструктуирање на компанијата.

Компанијата со дoлга историја на пронајдоци, кои доведоа до значителни подобрувања во индустриите во светот, во моментов вработува 88.000 работници, така што станува збор за отпуштање на околу 1,6 проценти од работната сила, пренесува АФП.

Намалувањето на бројот на вработените е мерка која има за цел подобрување на конкурентноста на компанијата, се наведува во денешното соопштение на компанијата.

Компанијата 3М наведе дека во третиот квартал оваа година остварила стабилен нето профит од 1,29 милијарди долари.

Профитот по акција изнесувал 2,5 долари, што е над очекуваните два долари.

Истовремено приходот паднал за 5,2 проценти на 7,71 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП