26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБројот на младежите показател за ризикот од појава на меланом

Бројот на младежите показател за ризикот од појава на меланом

Повеќе од единаесет младежи на раката укажува на можноста од зголемен ризик од појава на меланом, покажува британско истражување чии резултати се објавени во научното списание British Journal of Dermatology.

Бројот на младежите на десната рака е добар показател за вкупниот број на младежи на целото тело, откриле научниците од лондонски King’s College. Повеќе од стотина укажуваат на петпати повисок ризик од појава на споменатиот вид рак на кожата. Тоа би можело да им помогне на лекарите од општа пракса да откријат кои лица се изложени на најголем ризик.

Научниците направиле испитување на помала група од 400 жени и мажи, кои боледувале од меланом, дошле до брз и едноставен начин за процена на ризикот од појава на ракот на кожата.

Жените со седум младежи на десната рака имале девет пати поголема шанса на целото тело да имаат повеќе од 50 младежи. Тие се повеќе од 11 младежи на истата рака, имале поголеми изгледи на целото тело да имаат повеќе до сто младежи, што значи дека имале поголем ризик од појава на меланом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП