6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep Renegade привлече 40.000 купувачи во Европа во 2015-та

Jeep Renegade привлече 40.000 купувачи во Европа во 2015-та

renegade

Растот на продажбата на возилата од марката „Jeep“ продолжи и во текот на септември, 23 последователни месеци со годишен раст на продажба на Европа, Блискиот исток и Африка, што воедно е и вториот најдобар продажен месец во историјата на брендот.

Со 11.200 регистрации во септември, продажбата на автомобили со ознаката „Jeep“ порасна за 62 отсто во споредба со истиот месец во 2014-та.

Уште подобри резултати се остварени на европскиот пазар, каде продажбата на овој бренд порасна за 132,5% со речиси 8.550 регистрации во септември.

На сите главни европски пазари „Jeep“ забележа најдобар продажен месец со 2.454 aвтомобили во Италија, скоро 2.100 во Велика Британија, 1.493 во Германија, 661 во Франција и 334 во Шпанија.

Кога станува збор за најбараниот модел, со преку 5.300 испораки во септември, „Renegade“ e најпродаваниот „Jeep“, со учество од 60% во продажба на овој проиводител во Европа.

Со преку 20.000 продадени автомобили во Европа во третиот квартал од 2015-та (јули-септември), продажбата на марката „Jeep“ порасна за 130 oтсто во споредба со истиот период од 2014-та, со што беше забележан најдобар квартал во Италија, Германија, Британија, Франција и Шпанија.

renegade1

Земјата со најдобар резултат во третиот квартал е Шпанија (+ 257%), a следат Италија (+242.8%) и Франција (+162%).

Вкупно, во првите девет месеци, „Jeep“ ја зголеми продажбата на подрачјето на Европа, Блискиот исток и Африка за 75% (87.226 примероци) во однос на истиот период од 2014-та, додека Шпанија (+296.6%), Франција (+267.6%), Италија (+262%) и Велика Британија (+196%) беа земјите со најдобар резултат во тој период.

Во текот на првите девет месеци, продажбата во Европа го надмина резултатот за цела 2014-та година (41.415 aвтомобили) така со 65.695 испорачани примероци остварено е зголемување од 158.7% во однос на истиот период од лани.

Истовремено во Европа продадени се 40.228 примероци од моделот „Renegade“, или 61% од вкупната продажба на „Jeep“ од почетокот на годината до сега.

„Jeep Cherokee“ оствари многу добри резултати. Во првите девет месеци од 2015-та година, ова возило оствари раст oд 80.9% во Европа во споредба со истиот период од 2014-та, со троцифрен раст забележан во некои од главните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП