4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Банката на Кипар“ ја одби оставката на нејзниот претседател

„Банката на Кипар“ ја одби оставката на нејзниот претседател

diektor-banka

Бордот на директори на најголемата кипарска банкарска институција, „Банката на Кипар“, не ја прифати оставката на нејзиниот претседател Андреас Артемис.

– Бордот на директори не ги прифати оставките. Во согласност со статутот на компанијата, оставките ќе бидат важечки само ако не се повлечат во рок од една недела, се вели во соопштение на банката.

Артемис поднесе оставка заедно со уште четири други членови на Бордот поради несогласувања со драстичните планови на кипарската Влада за враќање во нормала на банкарскиот сектор во земјата, кои се наметнати од меѓународните кредитори во замена за финансиска помош од еврозоната.

Артемис исто така потестираше и поради тоа што кипарската Влада не го информирала однапред менаџментот на банката дека е именуван администратор, кој ќе го надгледува реструктуирањето на „Банката на Кипар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП