
Американски „AMD“, еден од најголемите производители на процесори во светот, денеска ги објави резултатите од своето работење во третиот квартал од оваа година.


Американски „AMD“, еден од најголемите производители на процесори во светот, денеска ги објави резултатите од своето работење во третиот квартал од оваа година.
Според објавените податоци, тешко некој што е запознаен со состојбата во компанијата да остана изненаден. „AMD“, имено, веќе четврти квартал во низа бележи значителни финансиски загуби. Покрај тримесечните приходи од 1,06 милијарди долари (26% помлаку од лани), компанијата ја ублажи и оперативната загуба од 158 милиони долари.
Доколку се гледаат првите три квартали од 2015-та година, „AMD“ вкупно во текот на тие девет месеци ја ублажи загубата од 557 милиони долари. Основната причина за вака лошата низа на резултати е слабата побарувачка на процесори од овој производител, како и падот на просечната цена на пазарот, стои во официјалниот извештај.
Покрај бизнис резултатите, компанијата објави и партнерство со кинеската корпорација „Nantong Fujitsu Microelectronics“. Во соработка со нив ќе биде стартуван проект кој служи за составување и испитување на чипови во некогашните „AMD“ погони во Кина и Малезија. „Nantong Fujitsu“ во оваа зделка ќе има 85% удел, а од „AMD“ ќе бидат пренасочени околу 1.700 работници.