6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа две години Dodge Viper заминува во историјата

За две години Dodge Viper заминува во историјата

viper

Производството на моделот „Dodge Viper“ ќе биде стопирано целосно во 2017-та година. Ова го објави интеренет изданието „Allpar“, кое се повикува на свои извори.

Одлуката култниот модел да биде испратен во историјата веќе е донесена и е вклучена во договорот меѓу Алијансата „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) и синдикатот на работниците во автомобилската индустрија на САД (UAW). Во документот се наведува дека „FCA“ не планира создавање на нова генерација на „Viper“ или на негов директен наследник.

По секоја веројатност, токму во 2017-та година ќе биде затворена и фабриката „Conner Avenue“ во Детроит, каде во моментов се составува исклучиво легендарниот автомобил.

Суперавтомобилот е опремен со 8,4-литарски атмосферски V10 мотор кој развива 654 КС и 814 Нм вртежен момент. Тој работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач, а забрзувањето од 0 до 96 км/ч трае само 3 секунди.

Производството на „Viper“ веќе беше стопирано пред неколку месеци, а причината беше слабиот интерес кон моделот кој во САД се продава за 87.000 долари. За споредба, најдиректниот конкурент „Chevrolet Corvette Z06“ со мотор со 650 КС чини 80.300 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП