Францускиот продажен ланец „Carrefour“, еден од водечките во светот, го интензивираше работењето во третиот квартал оваа година и забележа приходи од продажбата во висина од 21,54 милијарди евра, што е над очекувањата на аналитичарите од 21,46 милијарди евра.
Тоа е постигнато благодарение на значителното подобрување на работењето во Јужна Европа, како и на се уште добрите резултати во Бразил, неговиот втор најзначаен пазар, пренесува Ројтерс.
Финансискиот директор на „Carrefour“, Пјер Жан Сивињон, во една телефонска конференција за медиумите наведе дека се согласува со предвидувањата на аналитичарите дека профитот пред плаќањето на данокот и придонесите во цела 2015 година ќе биде околу 2,45 милијарди евра.