26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ: Секогаш ќе навивам за Македонија

Друловиќ: Секогаш ќе навивам за Македонија

друловик-друлолололо

Љубинко Друловиќ ја напушти фудбалската репрезентација на Македонија и во иднина ќе биде тренер на Партизан, со кого според српските медиуми договорил соработка до крајот на сезоната.

Друловиќ во април 2015 година го наследи Бошко Ѓуовски на селекторската позиција, тој тогаш договори шестмесечна соработка со можност да биде продолжена за уште две години, доколку Македонија не биде полошо пласирана од четвртото место во групата.

Српскиот стручњак ја предводеше Македонија на пет натпревари во квалификациите и успеа да освои само еден бод.

„Сакам да им се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија и на Управниот одбор за соработката и поддршката која сето ова време ми ја даваа мене и на стручниот штаб со цел да бидеме успешни. Исто така, сакам да им се заблагодарам на играчите и искрено на секој од нив му посакувам успех во репрезентацијата и во нивните клубови“, порачува довчерашниот македонскиот селектор.

„Квалификациите за Европското првенство не ги завршивме со пласман до четвртото место, а бидејќи тоа беше еден од условите од мојот договор со ФФМ, нема да ја продолжиме соработката. Како професионалец, за мене резултатот секогаш е мерило за успехот, жал ми е што не остваривме подобри резултати во квалификациите за ЕП 2016. Македонската репрезентација има млади играчи и сигурен сум дека во иднина ќе бидат многу поуспешни. Им се заблагодарувам и на луѓето од стручниот штаб кои го вложија своето знаење и труд за да бидеме успешни. Сигурен сум дека сите на свој начин посакуваа успех и добри резултати. Продолжуваме на различни страни, но и понатаму ќе бидам голем поддржувач на репрезентацијата на Македонија“, изјавил Друловиќ за интернет страницата на ФФМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП