3 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа првиот пикап на Fiat

Вака изгледа првиот пикап на Fiat

toro fiat

Бразилската поделба на „Fiat“ конечно објави официјална слика на првиот пикап во историјата на брендот, а откри и детали за него.

Веќе е познато дека моделот ќе се нарекува „Toro“, а на сликата е претставена неговата топ верзија. Таа е опремена со дневни светла, заштита на долниот дел и големо количество хромирани елементи.

Според информациите пикапот со двојна кабина нуди удобност на луксузен автомобил за 5 лица. Должината на „Toro“ е 4195 мм, а тој ќе биде достапен, како само со преден погон, така и со систем за погон на сите четири тркала.

Верзијата со преден погон е достапна во варијанта со 1,8-литарски бензински „E-Torq Flex“ мотор кој може да работи и на етанол. Овој мотор се комбинира со 6-брзински автоматски менувач. За верзијата со 2.0-литарски турбодизел „Multijet“ се нудат 6-брзински мануелен и 9-брзински автоматски менувач, како и систем 4х4.

Во Бразил „Fiat Toro“, за кој се тврди дека ја користи платформата на „Jeep Renegade“, ќе се нуди со 3 нивоа на опрема – „Urban“, „Adrenaline“ и „Country“. Меѓу опциите кај моделот се системот „Uconnect“ со 5-инчен дисплеј, камера за рикверц, електрични прозори, сензори за дожд и светло, теренска суспензија и кабина во која ќе преовладува кожа.

Познато е дека „Toro“ ќе се продава исклучиво во Јужна Америка. Во „Fiat“ сепак подготвуваат уште еден пикап кој ќе биде достапен за пазарите во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар